речник контакт

Спортска игрална за градинките и децата со церебрална парализа

Проектот ќе се реализра преку целата година, со повеќе хуманитарни активности

Петар Печков

 Со повеќе активности, неколку граѓански здруженија ќе собираат пари  за да се изгради наменска спортска игрална за младите велешани. Нејзе ќе ја користат децата од градинките и децата кои боледуваат од церебрална парализа. Така ќе им се помогне заеднички на овие две популации, за нивен подобар  психо -физички развој.

Со отворање на вежбална ќе се овозможи подобар физички и моторен развој на сите деца во градинката а истата ќе се користи и во индивидуалните третмани на децата со тешкотии во развојот. Балансираниот моторен физички развој е поврзан и директно влијае врз останатите развојни способности како што е развојот на говорот, комуникацијата и социо- емоционалниот развој - рече Ефтимија Карбева Лукаровска,  вработена во Детскатаа градинка Димче Мирчев од Велес.

Проектот ќе се спроведува заедно со Невладината ,,46664,, Здружение на лица  со церебрална парализа и  Здружение за спорт, рекреација и анимација “Штурчиња” Скопје.

  За прв пат лицата со попреченост во нашиот град ќе имаат можност да бидат корисници на една фискултурна сала каде што ќе можат да работат на нивната физичка подготвеност, пред се да работиме на подобрување на нивното здравје- вели Далиборка Златева од Здружение на лица  со церебрална парализа.

Прва активност ќе биде хуманитарен концерт кој е закажан за 13- ти февруари а до крајот на месецот ќе има уште еден. За да се реализира изградбата на спортска игрална, планирани се повеќе хуманитарни содржини кои ќе се одвиваат до крајот на годината  под слоганот “Сакај за да бидеш сакан”.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »