речник контакт

Спортски викенд, победи и порази

Фудбалерите на Борец ја продолжуваат серијата победи. Победија и одбојкарките на Форшпед и Борец Брако, загубија мажите на Борец Брако, фудбалерките само нерешено во дербито за прво место

Петар Печков

Започна пролетната полу етапа во третата лига југ. Фудбалерите на Борец победија во Прилеп каде играа со екипата на Тополчани со 2:1. Со ова велешани остануваат без пораз во оваа конкуренција и со десет бода предност пред второпласираната екипа.

Женската екипа на Борец во дербито на Првата лига одигра нерешено без голови на Градски во Велес со Единство од Скопје. По откажувањето на лидерот Билјанини извори, овие две екипи се на врвот со еднаков број бодови. Но велешанки не успеаја да го направат исчекорот, да победат и ја поведат борбата за шампионската титула.

Во одбојкарското првенство продолжуваат натпреварите. Женската екипа на Форшпед со уверливи 3:0 (25:10, 25:13, 25:15)  ја победи екипата на Гоце Делчев и се зацврсти на третата позиција која води во разигрувањето за првак. Женскта екипа на Борец брако во Тетово ја победи последно пласиранта Шкендија со 1:3 (25:21, 18:25, 22:25, 20:25). И со ова победа веелшанки се при доното, претпоследни. Машката екипа на Борец Брако на домашен терен загуби од лидерот Струмица со  0:3 (12:25, 14:25, 14:25) и се наоѓаат на петтото место.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »