речник контакт

Сребрени медали за младите велешки истражувачи на Олимпијада во Турција

Синиша Јовиќ и Тамара Савевска добија признание за трудот за реупотреба на талогот при обработката на водата за пиење

Петар Печков

Од 17 до 20 мај во Истанбул, Република Турција, се одржа 21-вата интернационална олимпијада по екологија ИНЕПО (INEPО- INternational Environmental Project Olympiad) 2013.  Двајца наши сограѓани, Синиша Јовиќ и Тамара Савевска, ученици од приватниот Јахја Кемал Колеџ во Скопје, земаа учество со проектот ,,Можности за реупотреба на алуминиум сулфат од талог во процесот на преработка на вода".

Во конкуренција на 114 тимови од 43 земји од целиот свет, нашите претставници освоија сребрен медал, што претставува огромен успех. Нивниот проект нуди можност за заштеда на значајни финансиски средства кои се користат за набавка на хемикалии во процесот на преработка на вода во фабриката за вода при ЈКП „Дервен“ – Велес.

Од друга страна  пак е и еколошкиот аспект на проектот. Според добиените лабораториски резултати, доколку третманот  се примени во процесот на преработка на вода значајно ќе се намали и загадувањето на реката Тополка.  Честитки за успехот на младите иноватори.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »