Петар Печков
Објавено: вторник, 18 јуни 2024
Врачувањето на наградите од 61 манифестација Рацинови средби ќе се случи среда вечер и четврток. Доделувањето на Рациновото признание на Фросина Пармаковска за роман на годината за 2024 за делото "Се уште можам нешто да сторам" ќе се случи среда вечер во 20ч. на Спомен Костурницита, каде ќе има поетеско музички перформанс а д-р Михаило Марковиќ ја има Беседата за Рацин.
Претходно од 19 ч. на двата споменика на Рацин, кај Гимназијата и во центар ќе биде положено цвеќе. Во 14ч. е предвидена трибина „Приказни и раскажувањето“, која ќе се одржи во градската библиотека. Четврток од 10ч. е отворен ден во куќата на Рацин, ќе има поетско читање како и промоција на книга на Ирена Павлова Де Одорико.
Во 12,30 во Европската куќа е трибината „Книжевниот превод, прозорец кон светот“. Во Амфитеатарот од Младинскиот парк е меѓународниот поетски митинг, со учество на дваесетина поети од регионот, потоа е доделувањето на Почесното Рациново признание на Анамарија Цинеге Панзова, за афирмација на македонската култура и јазик во странство, таа е преведувач од унгарски на македонски и обратно.
За крај на манифестацијата е концертот на ДНК, Миле Кузмановски, Наум Петрески и Адријана Јаневска.
Tweet |