речник контакт

Среда попладне во Скопје работниците протестираат за повисоки плати

Во Македонија 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов

Петар Печков

Утре попладне во Скопје членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе протестираат. Сојузот на синдикати на Македонија ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

Во Македонија 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов

„Не треба на никој да му се плашите, затоа што не му должите на никому ништо. Им должите само пристоен живот на вашите семејства. Ве повикувам сите – и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи“, рече Трендафилов на прес-конференција.

Од ССМ најавуваат дека следниот ден по завршување на протестот ќе излезат со информации и докази за институциите во кои се врши притисок врз работниците да не се приклучат на протестот.

Во однос на изјавата на претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков дека приватниот сектор не може да го издржи зголемувањето на минималната плата, Трендафилов со одговор дека официјалните податоци за остварените профити ги демантираат сите изговори на бизнис секторот.

Протестот почнува утре во 17 часот од пред зградата на ССМ и продолжува пред Собранието и Стопанската комора за да заврши пред Владата.

„Секој има право да протестира“, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март.

„Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на Гази Баба.

фото интернет

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »