речник контакт

Средношколски марш во Велес, не за екстерно и за математика на матура

Професорите отсутни на маршот, за нив казните се избришани, учениците ја сносат одговорноста, како тие да се носители на образовниот процес

Петар Печков

Стотина ученици, средношколци од Велес со протестен марш кажаа ,,не,, за екстерното оценување и ,,не,, за математика на државната матура.  Тие се упатија од ,,Авона,, и по улицата Благој Ѓорев со свирежи, негодувања и извици го искажаа нивниот став кон новините воведени во образованието.  

Бараме да се стави крај на лошите реформи во образованието. Ние имаме глас, на натпартиски и надетнички протест, подготвени сме да ги  браниме нашите ставови и своите права  како иднина на оваа земја. Нашите барања треба да  бидат прифатени за да не се случи со нашите родители да се гледаме на скајп,   а со другарите на пиеме кафе на фејсбук, оти некој решил да замине за друга држава. Благодарам што дојдовте и покажавте дека и во Велес има млади кои мислат за својата иднина   рече Марија Баркова од протестот кој се одржа во Младинскиот парк.

Таа не пропушти да ги поздрави луѓето кои не размислуваат со своја глава па се обиделе да ги етикетираат партиски . Од присутните тие беа помножени со ,,нула,,.  Средношколците бараат да се тргне матурата како задолжителен предмет за полагање матура , како  и укине екстерното тестирање.

Откако неодамна, по штрајк на просветарите (кој за поголем дел  во државата не постоеше) се  повлече  законски предвидената казна и награда за просветните работници, односно проверката  за нивното реално оценување. Така останаа учениците да ја плаќаат сметката за тоа дали наставникот реално ги оценил, со оценка која иако не беше најавено, влегува во просекот за ученикот, на крајот од учебната година. Во забавниот дел од протестот настапија неколку велешки     DJ POPEYE ,DJ RAKOVSKI & DJ TWISTED. Тие нагласија дека таму не се за пари,туку од желба за поддршка на протестот, оти и тие имале исти ставови. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »