речник контакт

Стампедо во берење цвеќиња

Велешани масовно се придружија во ,,позајмување,, цвеќе од јавните површини

Петар Печков

Претпладнево вообичаена слика на делот до улицата Благој Шорев, од фонтаната до Сако трејд беше да се видат дел од нашите сограѓани како носат темјанушки во големи колични, во кеси.

Некои од нив беа и на дело, како масовно ги корнат цвеќињата од земја. Бројката на откорнато цвеќе беше во десетици примероци по човек. На реакцијата од минувачите, некои се посрамотија и го оставија, други тврдеа Дервенци ни даваат а трети и безобразно реплицирајќи, ,,што сака бе..?

Така на дело се потврди многу пати кажаното од ЈКП Дервен дека нашите сограѓани масовно ги крадат цвеќињата од јавните површини. Но и се поставуа дилемата, зошто дервенци дозволуват цвеќето кое  се отстаранува, граѓаните сами да го собираат. Така се создава навика кај некои, дека можат кога сакаат и каде сакаат да го земаат од градските површини. Освен ако надлежните од ЈКП Дервен не стават некакви знаци, сега берете, сега не, сега берете, сега не....

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »