речник контакт

Старец изгоре во домот во Горно Оризари

Во критичните моменти во населбата немало вода, па не можеле мештаните да го гаснат огнот а ЕВН струјата ја исклучила со задоцнување од еден час

Петар Печков

Hа првиот ден од Новата 2019-тата година, трагедија во велешко Горно Оризари. Во пожар изгоре старец, жител на населбата. Според жителите огнот пламнал околу  10.10ч. Куќарката, која е прекриена со лим и е повеќе импровизирана градба, бргу пламнала од пламените јазици. Во пожарот изгорел  Реџеп Мавриќ (80 год). Мештаните веднаш реагирале, но при давањето помош се судриле со два сериозни проблеми.

Кога се појави чад и огнот, веднаш се стрчавме да помагаме. Но за белјата да биде поголема тој ден во Оризари немаше вода уште полошо е што по пријавата ЕВН да ја исклучи струјата за да можеме да гаснеме тие дојдоа по еден час. Оти од струјата искреше и не можевме да се приближиме- влеат жители на населбата.

Според СВР Велес, пожарот се случил во куќа на улица „Првомајска" бр. 51.Мештаните кажаа дека Реџеп живеел во дворот од куќата на ќерка си, собирал пластика и друг отпад. Надлежните се сомневаат дека токму горењето пластика и други материјали го предизвикале пожарот. Но за тоа одговор ќе даде истрагата. Кога дошла екипата на Брзата помош, не можеле да реагираат. Го нашле телото на Мавриќ јагленосано, веднаш до двете стари ќумбиња во собата, на кои се греел.  

Огнот го гаснеа две возила со шест пожарникари, во траење од 60 минути.  Кога го локализиравме пожарот, го пронајдевме телото на старецот во соба а тој беше починат. За жал хидрофорот кој е во кругот на училиштето при изградбата некој го покрил циментирал,  тој е неупотреблив, па мораше возилото да оди до Велес за вода - изјавија од ТППЕ од Велес.   

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »