речник контакт

Старец паднал од четврти кат но останал жив

Повредениот има повеќе скршеници и е надвор од животна опасност

Петар Печков

Старец паднал од четврти кат но останал жив, информираат од велешката полиција. Несреќата се случила вчеравечер околу 18,00 часот во зграда повеќекатница лоцирана на улица 11ти Октомври број 26 во Велес, каде лицето Демир. С. (69) од Велес паднало од четврти кат од меѓупросторот на скалите сместени во ходникот од зградата.

Во тие моменти во зградата немало струја. Лицето Демир. С. веднаш е пренесено во Медицински центар Велес каде по укажаната лекарска помош и констатирани скршеници, истиот е префрлен во Ургентен центар Скопје заради санирање на повредите но не бил во животна опасност.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »