речник контакт

Стефани Алчева е победник на велешкиот музички талент

Второто место за Марија Мијакова

Петар Печков

Шеснаесет годишната  Стефани Алчева е победник на првиот локален велешки натпревар на таленти, 5ФМ кој го организираше истоименото радио.  На завршната вечер, таа собра најмногу гласови, од  жирито, публиката и гледачите и слушателите, со што го оствари нејзиниот сон да  започне музичка кариера.  

Оваа победа многу ми значи мене, доказ дема имам свои квалитети, вредности и можам да бидам дел од македонската музичка сцена. Сакав и  го докажав  својот талент . Ја одбрав Адел со нумерата Turning Tables оти сметав дека можам да ги пренесам  емоции на публиката. Ќе продолжам да се занимавам со  музика, тоа ме исполнува – изјави по победата Стефани.

Таа се пријавила по предлог на  нејзиниот татко, Марјан познат  велешки рок музичар, член на поранешната група Саманта.     Второто место  на изборот на велешки музички талент, што прв пат  се организира во градот го доби Марија Мијакова, исто така шеснаесет годишна  гимназијалка.       

Се пријавив за да го покажам мојот талент  и да докажам дека сум најдобра, без оглед што на крајот завршив втора. Во иднина се надевам дека ќе имам музичка кариера и покрај трнливот пат што таа го  носи. Ја одбрав  No Doubt  и   Don't Speak, бидејќи  сакав публиката за танцува, да пренесам позитивна енергија. Ова второ место ми два поттик да продолжам да се бавам со музика и да станам  најдобра. Музиката е дел од мојот  живот – рече Марија.  

  На натпреварот за велешки музички талент годинава се пријавиле 42 учесници, кои низ повеќе месечни натпревари, седуммина дојдоа до завршницата. На одлично организираниот завршен концерт во ревијалниот дел настапија групата Ла Манш, Мики Секуловски и  Орхидеја  Дукова.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »