речник контакт

Стефановски и Спасиќ го завршија настапот СП во кајак диви води

Тие во К-1 се пласираа на 81-в и 82-ро место

Петар Печков

 На светското првенство во кајак на диви води, кое се одржува во близина на Прага на патеката Троја (Чешка) учествуваа и двајца велешани, како членови на македонската репрезентација.

Тие возеа во квалификациите за К-1  и не влегоа во полуфиналето поради слабиот пласман. Игор Стефановски беше 81-ви додека Љубомир Спасиќ беше 82-ри од 102-ца учесници. Во полуфиналето се пласираа 40-те најдобри. 

После првото возење и Стефановски и Спасиќ имаа далеку подобри времиња, беа  68-ми Стефаноски и Спасиќ 74-ти. Но грешките во второто возење ги симнаа  нивните резултати и се пласираа во долниот дел.

Веќе наредниот викенд  на патеката на Вардар низ Велес ќе се одржи државното првенство за сениори, каде велешани ќе треба да решат кој ќе биде  државен првак. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »