речник контакт

Стипендија за пливачката Богдановски

Со постигнатиот државен рекорд, таа во наредните две години ќе прима стипендија од Агенцијата за млади и спорт секој нареден месец

Петар Печков

Mакедонската пливачка Анастасија Богдановски со последниот успех остварен на Гран При Шарлот во САД, кој претставува квалификациски натпревар за Светското првенство во Казан, Русија, во 2015 година се стекна со стипендија од меѓународна категорија од Агенцијата за млади и спорт.

Со остварено време од 0.56.61 на 100 метри слободно, кое воедно претставува и апсолутен рекорд на Македонија, таа во наредните две години ќе прима стипендија од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 1,3 просечни плати секој месец.

Македонската пливачка Анастасија Богдановски е  со велешко потекло родена и студира во САД. Нејзина наредна цел е пласман на Олимписките игри, и тоа преку остварена норма за место во Рио во 2016 година.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »