речник контакт

Стоби заживеа по деветти пат

Со претставата ,,Печалбари,, од Антон Панов, во режија на Дејан Пројковски и изведба на актерите од кумановскиот театар во саботата вечер беше отворен 9-тиот меѓународен фестивал на античка драма ,,Стоби,,.

Петар Печков

Со пет претстави во конкуренција,  од кои две од странство Црна Гора и Бугарија, тој две седмици, до крајот на месецот, повторно ќе го оживее античкиот локалитет Стоби. Организаторот, фестивалот и го посвети на публиката.

Во ваша чест го одржуваме ова деветто издание, на фестивалот кој го слави театарот, и верувам дека него ќе го организираат уште многу генерации уметници за вас почитувана публика. Годинава ќе ви понудиме различни театарски доживувања на античките драми преку современото драмско творештво. Од трагичната судбина на Антигона, преку Хамлетовата човечка дилема ќе видиме неповторливи актерски креации – изјави Зоран Љутков претседател на организациониот одбор. За отворен фестивалот ,,Стоби го прогласи градоначалникот на општина Велес.

Вие почитувана пубилко и актерите од седумте театри му давате живот на овој без временски простор. Фестивалот со антички предзнак има своја иднина, благодарејќи на театрите од земјава, но Стоби ја потврдува македонската припадност на европскиот културен круг. Им благодарам на сите учесници за учеството бидејќи така ја создаваат историјата на овој фестивал – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. 

Понеделник вечер во 21 часот публиката во Стоби  ќе ја види претставата ,,Хамлет,, на Драмски од Скопје а во режија на Дејан Пројковски, која во петокот премиерно беше изведена на Охридско лето.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »