речник контакт

Стопанствениците бараат евтина струја и компензација за ДДВ

Регионалната стопанска комора од Велес побара подобри услови за работење на фирмите

Петар Печков

Стопанствениците од Повардарието, членки на Регионалната Стопанска комора побараа електрична енергија да има дводневна евтина тарифа преку викенд, како и враќање на ДДВ-то од државата преку компензација. Овие две одлуки позитивно би влијаеле на работењето на фирмите и затоа Стопанската комора треба активно да се вклучи во нивната реализација, побараа бизнисмените од поширокиот велешки регион.

Со цел да им се помогне на стопанските субјекти во земјава, а во ситуација кога преку ноќта или во викенд во некои европски земји, струја има во изобилство, бараме од Регулаторната комисија да воведе евтина струја од петок во 22 часот до понеделник во 7 часот.

Бараме и воведување на компензација на ДДВ при увоз, со ДДВ-то кое државата треба да го поврати назад на стопанските субјекти, за што постои одлука на Владата но никако да профункционира. Вакви две одлуки би биле големо олеснување за нас стопанствениците– изјави Трајче Трајков претседател на Регионалната Стопанска Комора со седиште во Велес, на завчерашниот состанок.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »