речник контакт

Стопиран преносот на велешкото кино

Објектот е запишан како сопственост на градот, Синдикатот се жалеше, а Републичкиот катастар утврдил неправилности и бара повторување на постапката.

Петар Печков

Стопиран преносот на велешкото кино

Објектот е запишан како сопственост на градот, Синдикатот се жалеше, а Републичкиот катастар утврдил неправилности и бара повторување на постапката. Државниот Завод за геодетски работи побара од велешкиот Катастар да ја повтори постапката за преносот на салата на киното „11 Октомври“, која по барање на Општина Велес беше впишана како сопственост на градот.

Регионалниот синдикален совет за Велес поседува имотен лист од 24 февруари 1992 година, по што реагираше бидејќи остана без простор од 780 квадратни метри, во кои работеше градското кино.

При увидот во преносот, Републичкиот катастар утврдил дека локалната самоуправа доставила докази што се само во нивна корист, по што имотот бил пренесен на градот Велес. Откако Синдикатот поднел барање и како доказ поднел нови валидни документи, постапката е вратена на повторно разгледување бидејќи Катастарот, како што стои во заклучокот, со понудените документи од Општината бил доведен во заблуда. Претставникот на Регионалниот синдикат од Велес побара јавниот обвинител да го испита случајот.


- Треба да бидат испитани постапки на сите замешани страни во случајот на преносот на имотот, а тоа се претставникот на Катастарот, Ратка Гонева, која го водеше случајот, градоначалникот Аце Коцевски и директорот на киното Драган Стојков. Чудно е што во предметот на преносот сите наши валидни документи ги нема, по што е извршен овој упис, а сега мораме да ја докажуваме сопственоста - вели Димитар Андонов, претседател на Регионалниот синдикат, за кого ова е скандалозен трансфер на сопственост.

Тие имаат и одлука од Врховен суд од 1993 година, кога по реакција на тогашниот народен правобранител случајот бил разгледуван, а било решено дека киното, заедно со другиот простор во зградата во центарот на градот, е сопственост на Синдикатот.

Одговарајќи на прозивките, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, изјави дека тој само се грижи за сопственоста на градот, а не сака туѓ имот.

- Не сакам недоразбирања меѓу Општината и Синдикатот. Имотот е префрлен во управна постапка врз основа на решение од 1983 година, кога тогашната СИЗ за становање му ја префла киносалата на градот, а тој подоцна ја дава на користење на киното „11 Октомври“ - изјави Коцевски. Според него, Синдикатот има право на користење на киносалата, но не и право на сопственост и дека одлуката на Катастарот тие ќе ја почитуваат.

И додека Синдикатот и локалната власт спорат за сопственоста на киносалата, таму не се одржуваат проекции. Три месеци киното „11 Октомври“ не работи бидејќи, според директорот Драган Стојков, иако објектот се\' уште не е впишан во сопственост на градот, локалните власти му испратиле писмо со кое му забрануваат да прикажуваат филмови.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »