речник контакт

Стопирање или промена на Законот за адвокатски маркички

Рокот до кога треба да се изјасни Собранието или Министерството за финансии е 16-ти февруари

Петар Печков

Адвокатите дадоа рок до 16-ти февруари да се донесе одлука за одлагање или измени на Законот за  адвокатски маркички, по реакциите дека тој е неприменлив. Во Велес се одржа вонредна седница на УО на  адвокатската комора, која што траеше три часа затворена за јавноста.  Управниот Одбор остава на адвокатските заедници  од градовите, како тие сметаат така да постапуваат реагирајќи за неприменливоста на маркичките, но тоа да биде во согласност со законот.

  Нејасноста и неприменливоста на Законот за адвокатски маркички, која е реално констатирана, како од адвокатите така и од судовите  доведе до правна конфузија.  Адвокатите не сакаат да се доведе  во прашање непреченото работење на судовите, како и заштитата на основните права и слободи на граѓаните, па препорачуваме адвокатите  во иднина да  ги преземат сите правни мерки  и дејствија пред судовите, почитувајќи го законот. Затоа бараме  Собранието на Република Македонија или подносителот на Законот,  Министерството за финансии, да донесат одлука за одлагање на негова  примена бидејќи тој е  неприменлив од повеќе причини – изјави Ненад Јаничевиќ претседател на УО на адвокатската комора на Македонија. 

Тој потенцираше дека адвокатите не се против плаќањето даноци, се оградуваат од колегите кои не плаќаат данок и ја поздравува  заложбата на Министерството за финансии за воведување на  ред во плаќањето даноци. Ова доаѓа по  реакциите на неколку адвокатски заедници од внатрешноста во земјава.

Нивните реакции се оти адвокатите сметаат дека ќе плаќаат за нешто што не знаат дали ќе се реализира.  Тоа би довело до претерано поскапување на адвокатските услуги на сметка на граѓаните. Тие досега со  клиентите ја делеле судбината на постапката,ќарот или зијанот. Со новите законски решенија адвокатите сметаат  дека ќе ги товарат  клиентите и да им бараат  да ги платат сите адвокатски услуги и даноци  однапред, иако не знаат како процесот ќе заврши.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »