речник контакт

Стојановиќ премина во Борец

Во првото коло в недела Борец дома го пречекува вториот тим на Металург

Петар Печков

Искусниот бек Раде Стојановиќ сезоната ќе настапува  за  новиот член на Супер лигата, Борец од Велес.

 Стојановиќ и велешани се договорија за соработка која може да трае цела сезона, но има и дел од договорот кој предвидува да биде слободен играч доколку обезбеди трансфер во странство.

Стојановиќ е третиот познат играч кој летово доаѓа во Велес. Пред него за соработка се договорија пикерот Дарко Јанев и голманот на Александар Стојаноски и двајцата од Макс Струмица.

Обидот да се доведе интернационалецот Горјан Анастасовски не успеа и тој се врати во Франција.  

Првото коло велешани  во новото друштво го играат в недела од 18ч. во салата Гемиџии а противник е екипата на Металург 2.  

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »