речник контакт

Стојановски со 15 гола му осигура опстанок на ГРК Борец во Супер лигата

ФК Борец бара поддршка за саботното дерби против Беласица на Градски. ФК Превалец во дербито дома загуби од лидерот Партизан. Во општинското дерби без победник, ФК Тополка и ФК Башкими се изедначија на врвот

Петар Печков

Левото крило Зоран Стојановски со 15 гола му донесе радост и победа за опстанок на ГРК Борец во Супер лигата. Велешани славеа во Прилеп против истоимената екипа, директен конкурент да се избегне баражот за опстакон во најквалитетното друштво. Во 13-тото коло како гостин ГРК Борец победи против Прилеп 2010 со 27:36 (14:19). Домаќинот во водство бил до средината на првото полувреме а потоа се е во знакот на гостите.   Со овие три бода Борец му избега на последниот за пет бодови, има 18 а Прилеп 13 и е втор во оваа мини лига каде се игра за опстанок.  Освен Стојановски со 15 гола, по пет кај велешани постигнаа Мачавелов и Николов.   Во следното коло дома во салата Гемиџии Борец го пречекува Металург 2, кој е 4-ти со 14 бода.  Претходно велешани го одиграа и четврфиналниот куп натпревар со Металург јуниор, кој е член на Прва лига, се играше во Скопје и Борец со младински состав загуби  со 29:31 ( 13:21) но очигледно ги чуваше силите за првенствениот натпревар со  РК Прилеп, бидејќи победникот од куп средбата играше со европскиот првак Вардар а Металург јуниор загуби со 53:17.

Фудбалерите на ФК Борец оптимистички го пречекуваат саботното дерби против првакот Беласица, кое се игра на Градски во 16.30ч. Само со победа велешани остануваат во игра за второто место и баражот кој води во Прва. По неделниот пораз во Штип од Брегалница, по што штипјани сега се втори,  Борец моpа да победи на двете преостанати средби а во последното коло во Струмица, на штипјани им е потребна победа, со нерешено Борец е втор.

Иако со десет играчи игравме дури 80- минути ги надигравме штипјани дома, но не успеавме од бројните шанси да постигнеме гол. Затоа ќе сториме се в сабтоа да славиме, иако Беласица е фаворит, за да стигнеме до второто место. Имаме млада екипа, која има квалитет за победа- рече Ане Темелков тренер во екипата. Ги повика навивачите, публиакта да дојдат во голем број и дадат поддршка за велешкиот второлигаш. 

Се одигра 23-тото коло од Третата лига Центар. Во дербито во Превалец домаќинот загуби од лидерот ФК Партизан од Обршани со 1:2. Илинден од Башино село загуби со 3:1 од  12-тата Слога во прилепско Лажани. Натпреварот во Ваташа помеѓу Габер и Бабуна не се одигра, бидејќи домаќините ги немаат платено давачките кон Лигата па натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат за мартолчани. ФК Бабуна и ФК Превалец остануваат на 3-то и 4-то место со по 43 односно 42 бода а Илинден БС е последен со осум. Во следното коло велешко дерби без значење Илиден во Башино село ја пречекува  Бабуна а Превалец гостува во Големо Коњари на истоимената екипа која е  седма со 34 бода.

Во 12-тото коло  на Општинската фудбалска лига, во дербито ФК Мартолци кој е трет  и ФК Тополка одиграа нерешено 1:1. Со овој резултат на две кола пред крајот ФК Тополка останува  останува на првото место а домаќинот со победа ќе беше лидер. Но Башкими со трите бода на зелена маса против ФК Интернационал кој не отпатува на оваа средба се изедначи со ФК Тополка и имаат по 26 бода. ФК Согле стигна до прва победа, додуша на зелена маса, службено откако ФК Горски не допатува во Чашка.  

        Резултати 12 коло:

ФК Мартолци  - ФК Тополка              1:1          

ФК Согле - ФК Горски                        3:0              

ФК Башкими  - ФК Интернационал  3:0   

ФК Форца Нова  - ФК Младост         4:2

           Т  А  Б  Е  Л  А

1. ФК ТОПОЛКА                    12   8   2   2    43: 18     26

2. ФК БАШКИМИ 2008          12   8   2   2    27:  9      26

3. ФК МАРТОЛЦИ 2007        12   7   6  2    36: 22      24

4. ФК ИНТЕРНАЦИОНАЛ     12   5   4  3    29: 31      19

5. ФК ГОРСКИ                       12   3   4   5   15: 15      13

6. ФК ФОРЦА НОВА             12   4   1   7    28:32      13

7. ФК МЛАДОСТ                   12   2   4   6    13:20      10

8. ФК СОГЛЕ                         12   1   0  11   18:59        3

     во следното 13 претпоследно коло играат:

ФК Форца Нова - ФК Мартолци 2007 

ФК Младост  - ФК Башкими 2008            

ФК Интернационал  - ФК Согле         

ФК Тополка  - ФК Горски

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »