речник контакт

Стојкова – Власта на СДСМ ги блокира проектите на локалната власт во Велес

Денеска во Велес ќе имаше кружен тек кај Панини, во Башино село ќе беше поставен мостот, а изградбата на затворениот градски пазар ќе беше започната - порача Стојкова

Петар Печков

Да не беше кампањата на Аце Коцевски, денеска во Велес ќе имаше кружен тек кај Панини, во Башино село ќе беше поставен мостот, а изградбата на затворениот градски пазар ќе беше започната.

Ова го призна самиот Аце Коцевски на неговото интервју на ТВ Нова. Тој призна дека СДСМ преку централната власт свесно ги блокира овие проекти.

За ниски политички потреби на Аце Коцевски се блокира Велешани да добијат нормално одвивање на сообраќајот кај Панини, жителите на Башино село да добијат безбеден пристап до гробиштата и граѓаните и пазарџиите да добијат модерен градски пазар.

Социјалдемократскиот сојуз мисли дека блокирајќи ги овие проекти ќе успеат да надокнадат за се она што Коцевски не го направи додека 9 години беше градоначалник. Господа од власта на СДСМ, вие треба да разберете дека животот на Велешани е поважен од кариерата на вечниот кандидат за градоначалник Аце Коцевски.

Но исто така вие треба да разберете и дека вашите нечесни игри ги прочитаа велешани. Нашиот град нема да биде заложник на кариерата на политичари од минатото. Велес ќе продолжи да оди напред – изјави Каролина Стојкова, кандидат   од  листата за советници  на ВМРО-ДПМНЕ 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »