речник контакт

Сто години од крајот на Првата светска војна низ приказната на свадбената фотографија

Германски фотограф кој бил на минување низ Велес ја овековечил свадбата на велешки младенци

Петар Печков

Во домашниот албум на велешко семејство посебно место зазема  свадбената фотографија стара точно еден век. Или направена есента во октомври 1918-та но интересна е нејзината историја.   Свадбата на нивните родители се поклопува со крајот на Првата светска војна. 

Татко ми и мајка ми црковно се регистрирале во октомври 1918-тата година. Бракот бил склопен во црквата Св. Пантелејмон.   Интересно е што тогаш низ Велес на минување бил германски фотограф, кој сакал да го овековечи штотуку ослободениот регион по Првата светска војна.   Кога бил во црквата и ги видел младенците, прашал дали може да ги фотографира, тие се согласиле.  Направил повеќе фотографии и заминал. Кратко кажал дека по некое време ќе им ги прати по пошта. Минала половина година, и пролетта 1919-та на адресата на младенците стигнала пратка со фотографии и една голема во димензии метар на 40 см.  раскажа нивниот син Живко. 

Тие слики се семеен  спомен за склопениот брак на Петре и Васа  Печкови и еден век од крајот на Првата Светска војна. Патем Велес во Првата Светска војна бил ослободен од германскиот и бугарскиот окупатор на 27 септември 1918 година.    

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »