речник контакт

Сто илјади евра долг од Скрин медија за користење на билбордите во велешко

Договорот истечен во 2013-та а фирмата уште ги користи и прибира средства

Петар Печков

Иако договорот  на фирмата која стопанисува со билбордите во Општина Велес истекол уште во  2013-та година, таа се уште ги користи, но ништо не плаќа кон локалната валст.  Во велешко ,,Скрин медија,,  од  Тетово има поставено 40 билборда. Тие редовно се менуваат со нови плакати.

Договорот со ,,Скрин медија,, од Тетово е истечен во 2013-та година, но и натаму фирмата ги користи билбордите на територијата на општината. Буџетот   е оштетен за 100 илјади  евра  или   6 милиони денари.  Корисникот има обврска да плаќа надоместок за користење, комунална такса за секој билборд и потрошената струја, што во пракса не се случува - рече Коцевски. Најави дека  е започната постапка,   за наоѓање нов закупец, кој ќе ги користи  во  наредниот период.  На прашање на ТРМР, дали Коцевски како кандидата платил за  билбордите каде тој се рекламираше во кампањата за локалните избори, тој потврдно  одговори.

Јас и мојата  партијата на тетовската фирма и плативме, но не знам дали другите учесници  во изборната трка  платиле, лани и годините наназад  - ја отвори дилемата Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »