речник контакт

Студентите и казна затвор добиваат со попуст

Во два одвоени процеси студенти кои сториле разбојништва добија пониски казни, заради нивниот статус

Петар Печков

Во два одвоени судски процеси кои деновиве завршија во Основниот суд во Велес, двајца студните беа осудени на казни затвор. Но судиите и во двата случаи во образложението на пресудата потенцираат дека поради тоа што се студенти им се изрекува минимална казна за делото што го сториле. И двајцата се осудени поради разбојништво а за да го сторат делото им помагале малолетници.

Во првиот случај велешанецот А.Н. ( 21 год)  заработи три години затвор за разбојништво. Тој според обвинението, делото го сторил заедно со малолетникот Д.Ј.  со употреба на сила се нападнале оштетениот А.Ј. ( 65 год). Се обиделе да  му одземат пари во висина од 18 илјади денари. Двајцата    го забележале А.Ј. како вади пари од автоматот на НЛБ Банка во Нова Населба, го следеле до дома и кога тој влегол во влезот од неговата зграда и го повикал лифтот, малолетникот  му пришол на оштетениот од зад грб и му ги фатил рацете, а обвинетиот А. Н. посегнал кон десниот џеб од јакната од оштетениот со цел и со намера да ги одземат парите во износ од 18.000,00 денари.

  При овој напад  оштетениот почнал силно да вика „помош  Милиција“ и двајцата сторители  се дале во бегство. При одмерувањето на висината на казната затвор, судот го применил  кривично- правниот институт ублажување на казната затоа што кривичното дело останало во обид, после настанот обвинетиот А.Н.  му се извинил на оштетениот, се кае за стореното, досега не е осудуван, постапка за друго кривично дело не се води и е студент. Така наместо минималните пет години за разбојништво тој доби три години затвор. На малолетникот ќе му се суди во друг процес.

Во вториот процес  кавадарчанецот  И. Н. (20 год) доби пат години затвор.  Според обвинението тој организирал група на малолетници да ги ограбат двајца странци, негови познаници членови на невладина организација која работела во нивниот град.  Тие имале два компјутери и еден фото апарат, кој биле повод за нападот врз нив. Делото го извршиле  малолетните А.П. и Р. В.  кои со употреба на сила, маскирани со фантомки  и со закана на  нож ги нападнале оштетените С. Г. и М. М во 23,30 часот во нивниот стан .

При тоа  одзеле два  лаптоп компјутери, апарат за сликање Фуџи и мобилен телефон марка Сони Ериксон се во вкупна вредност од 78 илјади денари. Обвинетиот И. Н. се дружел  со  странците во нивниот изнајмен  стани. По претходен договор ги повикал малолетниците пред зградата, излегол и им кажал кој е внатре и дека можат да влезат и да земат што треба.  И.Н. се вратил во станот а по 15 минути малолетните А.П. и Р.В.  ѕвонеле на вратата, па кога оштетениот М.М. им ја отворил, малолетниот Р. В. го  турнал,   го фатил за вратот, заканувајќи му се со нож,  додека А.П. со нож  се заканил на С.Г.. Потоа од собите ги одзеле вредните предмети по што малолетните избегале.

Истите се обиделе да ги продадат на сопственик на интернет кафе, на кој начин подоцна биле идентификувани и препознаени. Во судскиот процес малолетниците го посочиле И.Н. како организатор на ова разбојништво, по што нему  му беше изречена најниската казна затвор  за ова дело од пет години,  оти бил студент и досега е неосудуван. На малолетниците ќе им се суди во друг процес.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »