речник контакт

Сувенири од Азот

Жените од три населени места во Азот изработија сувенири, стариот мост во Богомила, окарината, ликот на Богородица кој се јави во дрво

Петар Печков

Окарината, Стариот  камен мост во Богомила,сликата на Богородица  која се јави во дрво, се сувенири, изработени за прв пат, кој посетителите на регионот на Азот ќе можат да ги набават при посетата  на овој дел од земјата кој важи за центарот на Македонија. Тие се изработени од вредните раце на жените од овој дел на велешко. Триесетина жени од различни националности и верска припадност, три месеци  работеа неуморно за да стигнат до првите произведени сувенири. Иако неуки, тие имаа силна желба да создадат нешто по што ќе бидат препознаени. Ова се реализираше преку проект на Фондацијата Фокус од Велес.

Невработени жени преку  обука, научија да  изработуваат кутии за накит, украсни предмети од стакло, дрво и глина, флаери, разгледници и поштенски картички. Нив ќе ги продаваат и ќе заработуваат од нивната продажба. Она што жените го изработија  ќе може да се најде на седум локации во Општината. „Инфо туристичкото биро" кое се отвори  ги промовира сите сувенири кои се изработени, но и каталозите отпечатени на македонски, албански и англиски јазик - вели  Весна Шкортова, извршен директор на Фондацијата Фокус.

Жените учеснички во овој проект се од  три поголеми населени места  Извор, Чашка и Мелница. Сите тие се задоволни што летово го исполниле со активности, но и научиле нешто ново , кое го исполнува нивното време.

Бев на изложба која ме мотивираше да почнам сама да изработувам вакви предмети. Ме интересираше, ме исполнуваше, како жена ми даваше шанса за креација. По два три часа дневно работевме на создавање на сувенирите. Беше интересно. Сакавме што подобро да изгледаат – вели  Јагода Здравевска. 

Чипка, тантела, плетени работи но освен фини нешта, некои од нив  работеа и  со глина. Така вредните  женските раце обработува и создаваа предмети по кој е препознатлив овој крај. Како мотиви тие ја искористија окарината најстариот музички инструмент пронајден на теренот на Македонија стар повеќе до 6 илјади години, стариот римски мост во Богомила, ликот на Богородица кој се појави во дрво. Наместо земјоделие изминатиот период  жените учеснички во проектот , изработуваа сувенири. 

Имавме учители кои не учеа како да работиме. Сакам да продолжам бидејќи ми дава шанса да покажам што знам и што умеам. Убаво се дружевме со другите жени, се запознавме, иако живееме близу не сме се сретнале сега е поинаку. Бевме од различни вери, од различни места но имавме одличен муабет  - вели   Елица Мирчевска. Сите изработени предмети посетителите ќе можат да ги набават при посетата на планинарските домови и мотели кои постојат на оваа територија Папрадиште, Чеплес, Богомила, Нежилово.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »