речник контакт

Судењата за Ореше никако да започнат

За процесот за убиството сега се бара изземање на јавниот обвинител а за процесот за запалената амбуланта пак не дојде прво обвинетиот

Петар Печков

На половина час пред почетокот на судењето за убиството во Ореше, од адвокатската канцеларија на Звонко Давидовиќ до Вишото Јавно обвинителство во Скопје било поднесено барање за изземање на јавниот обвинител Славица Темелковски која го застапува обвинението пред Основниот суд во Велес.

Поради ова ни по четвртиот обид не започна судењето за  убиството на старецот Лазо Милошевски во селото Ореше, кое се случи декември 2005-тата година. Како сторители обвинети се браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски а како нарачател Ѓоре Петровски.

Јавниот обвинител учествуваше во донесувањето одлука за симнувањето на заштитата на заштитеното сведок Бреза, Златко Арсовски. Затоа бараме нејзино изземање бидејќи се сомневаме во нејзината објективност. Таа настапува селективно  за помало дело го гони Арсовски за лажно сведочење а за покрупно дело препродажба на оружје не го гони сведокот Вељо Арсовски – рече   Ѕвонко Давидовиќ бранителот на Ѓоре Петровски. 

Поради ова почетокот на  судењето  повторно беше одложен за средината на месец мај, иако Давидовиќ не достави никаков документ дека предал барање до Вишото обвинителство за изземање на обвинителката Темелковски.

Ова беше причина синот на убиениот Лазо Милошевски, Ацо да изјави  дека ова е начин на одолговлекување на судењето.

Се бара начин да се одолговлекува почетокот. Ова е игра чија цел ќе биде наскаоро позната - рече Ацо Милошевски. 

Имаше промена и во пратечкиот судија во Кривичниот совет, наместо Гајдова сега член е судијката Валентина Ѓоргиевска.

Четвртото судење за убиството во село Ореше никако да започне, откако претходните три, две осудителни и едно ослободително беа вратени од Апелација.

Адвокатите   бараа и изземање на двете судијки кои го  работеа овој предмет,  оти тие учествувале во одлуки за  продолжување на мерките притвор на обвинетите, во раната фаза од судењето. Тоа барање беше одбиено. Имаше барање и од страна на судиите од Основен суд Велес за изземање на оваа институција од предметот, но тоа Врховен го одби.

Минатата седмица беше отфрлено и барањето на адвокатите за спојување на двете дела запалената амбуланта во село Ореше и убиството во истото село, каде како ист обвинет се појавува Ѓоре Петровски.  Еден час пред судењето за убиството беше закажано деветтото рочиште за почеток на судењето за запалената амбуланта.

Ниту во  овој обид тоа не се случи. На секое судење за ова дело недостиган некој од обвинетите Ѓоре Петревски како нарачател и Благојче Ѓурчиновски како извршител а  сведок  и во ова дело е Златко Арсовски познат  како  Бреза.

Иако Ѓоре Петровски и Златко Арсовски за ова судење беа доведени со полиција, недостигаше прво обвинетиот Благојче Ѓурчиновски. Преку неговиот адвокат усно беше соопштено дека е болен а  за тоа немаше никакво писмен документ. 

Доколку на следниот термин не дојдат обвинетите, ќе ги  испратам во притвор. Една година си играат  болни. Нема повеќе да го  толерирам ваквото однесување – рече судијката Габриела Гајдова.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »