речник контакт

Судењето за измама за вработување полицаец никако да почне

Обвинетата Николова е болна, отсуствува од рочиштата

Петар Печков

Ниту третото рочиште за  кривичното дело ,,измама,, не започна. Обвинетата Десанка Николова Кузмановска повторно не дојде во Основен суд Велес. Со оправдување дека има закажан преглед во болница во Скопје. Судијата кој  го работи овој предмет, реагираше до бранителот на обвинетата , поради одолговлекување.

Не може со документи од денови кои се минати да се оправдува отсуство за денес. Ако имала закажано преглед за денес, требаше да го достави упатот. Треба да си има  почит кон институцијата суд, не може вака да се работи – рече судијата Шефшет Адеми.

Тој од доктор вешто лице,  побара  проверка на досега доспеаната документација со која Николова редовно отсуствуваше од судењето, оти има индиции дека таа го одбегнува судењето.    Реагираа и оштетените, семејство од Крива Паланка.

Три пати доаѓаме, тоа се трошоци.   Таа вешто си игра со судот, бараме судењето за започне а не да се одолговлекува  - изјави Стое Станојковски.     Адвокатот Трајче  Арсов е нов нејзин бранител, откако претходниот и го откажа застапувањето.  И додека обвинетата  Николова не доаѓа на судење поради болест, претходната седмица, беше присутна и видена  во протестите   кои се одржуваа во Велес, за одбрана на унитарна Македонија. 

Николова се товари  оти   прибавила имотна корист од три илјади евра. Во периодот од 7-ми август  до 3-ти септември лани, во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените, татко и ќерка,  лажно прикажувајќи дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек.

Таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од актуелната власт и МВР, со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување.

Три дена по последната уплата, оштетените телефонски  биле информирани  од обвинетата  дека работата е завршена и заминале  во Центарот за обука во Идризово заради потпишување на договорот за вработување. Но таму на големо изненадување  им било кажано дека не е организирано потпишување на договори и дека нивниот син, односно брат воопшто не е примен на огласот за обука на полицајци.

Кога била сослушувана во велешкото обвинителство таа лажно се претставила дека е секретарка на заменикот министер  за култура, што веднаш беше демантирано од Министерството за култура.  

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »