речник контакт

Судењето за убиството во Ореше сепак во Велешкиот суд

Отфрлено е барањето на Основниот суд во Велес да не го суди предметот убиството во Ореше. Останува судијата да го закаже терминот за почетокот на четвртото судење

Петар Печков

Отфрлено е барањето на Основниот суд во Велес да не го суди предметот убиството во Ореше. Апелација од Скопје констатирала дека судот во Велес е месно надлежен да постапува по овој предмет, бидејќи делото е сторено на негова територија, постапката  веќе почнала и се водела пред него.  

Згора на тоа Апелација смета дека  во Основниот суд во Велес има доволно судии кои до сега не биле инволвирани во постапката од кои може да се состави нов кривичен совет кој ќе суди.  Со Законот за кривична постапка член  31 прецизирано е дека  пренесување на месна надлежност  е можна само од правни или стварни  причини, кои во  барањето ги немало.

Останува на новиот судија кој ќе го води предметот да закаже термин за него почеток, по четврти пат. Досега имаше две осудувачки пресуди и една ослободителна. 

Според обвинението Ордан и Љупчо Георгиевски го усмртиле Лазо Милошевски ( 71 год) на 2-ри декември 2005-тата година. Убиството било извршено по нарачка на македонецот Ѓоре Петровски кој од 1997-ма живее на Флорида во САД заради одмазда.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »