речник контакт

Судијата Иле Танев пуштен на слобода

Тој беше уапсен во случајот Ликвидација за што доби 2 и пол години зaтвор. До правосилноста е на слобода

Петар Печков

Апалациониот суд во Скопје го потврди решението на Основниот суд Скопје 1-Скопје со кое на велешкиот судија Иле Танев му се одобрува укинувањето на мерката притвор, односно дека се прифаќаат понудените гаранции во недвижен имот. Одлуката на повисокиот суд, а која всушност само претставува потврда на една веќе донесена одлука, доаѓа по не цели три недели од денот кога Кривичниот совет на скопска „единица“.

Cудијата Танев до скопскиот кривичен суд доставил гаранции во недвижен имот, а за возврат нему требаше да му се укине или да му се замени со поблага мерка, по пресудата со која тој беше осуден на затворска казна во траење од 2,5 години.

Несогласување со одлуката на Кривичниот совет изјави Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое поднесе жалба до Апелациониот суд. Oдлуката е потврдена Иле Танев, по девет месеци минати во затворот „Скопје“се најде на слобода.

Иле Танев беше осуден  во случајот познат како „Ликвидација“ за земање поткуп и за злоупотреба на службена положба беше осуден на единствена затворска казна од 2и пол години, а по објавата на пресудата нему му беше продолжен притворот до правосилноста.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »