речник контакт

Судскиот процес за тужбата против Смилев ќе чека одговор од Апелација

Апелација ќе реши дали ќе се суди во Велес или во друг суд Скопје, Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Гевгелија

Петар Печков

Судскиот процес против екологистот Игор Смилев не започна во велешкиот Основен суд, тужителите сметаа дека протестот пред зградата ја оневозможува работата, додека одбраната вели дека тоа е поддршка за тужениот.  Ова е прв таков предмет во Македонија, кога невладин активист се тужи за јавно изречените зборови, дека топилницата ќе ги труе велешани во иднина. Судијата Илија Танев ги прифати барењето на Коста Нојков   полномошник  по приватната тужба   на директорот на Метрудхем, Тони Димитриевски, за место надлежност на процесот да решава Апелација, оти во Велес за тоа немало услови.

  Бараме процесот да не се одржува во судот во Велес, бидејќи со протестот кој се случува пред зградата се врши притисок во работењето на судот.  Затоа бараме тој да се работи во друг суд од подрачјето на Апелација  Скопје – рече  адвокатот Коста Нојков.  За одбраната оваа иницијатива е неприфатлива и таа има за цел да ја замолчи јавноста во градот и да го сврти вниманието од неоснованата тужба.

Дали ако процесот се работи во Скопје, таму нема да дојдат повторно овие граѓански здруженија. Тие не протестираа, туку даваат поддршка на нивниот активист Смилев. Во судницата не се слуша никаков звук, ниту се случува било какво инцидент. Во Македонија се помнат многу посериозни случувања, но не се случи процесот да се сопре и премести во друг град. Сите ги знаеме таквите настани – рече Љубомир Михајловски бранител на тужениот Игор Смилев.

Него со приватна тужба го гони Тони Димитриевски, управител на Метрудхем. Тој се чувствувал повреден поради клевета, навреда, згрозување на безбедноста и неовластено снимање и фотографирање. На платото пред Основниот суд во Велес стотина активисти од ,,Зелената коалиција,,  беа собрани  како поддршка на Игор Смилев, кој е дел од оваа граѓанско здружение кое се бори против рестартот на Топилницата.  Поддршка му даде и пратеничката Лилјана Поповска и  градоначалникот на Велес .

 

 Смилев беше најхрабар и  јавно го кажа тоа, што повеќето велешани го мислат.  Тој е  еден до 20-те илјади луѓе што излегоа на протест против рестартот на Топилницата. Тужителот треба да знае дека против себе го нема само Смилев туку и илјадници велешани кои го мислат истото. Не ми е јасно како тужителот мисли да води дијалог со нас велешани, кога со судски процеси сака да  докажува правда, која за  велешани е една – вели Горан Петров градоначалник на Велес. Со тужбата  управителот на Метрудхем Тони Димитриевски бара оштета од 20 илјади евра за нанесената болка.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »