речник контакт

Судски случај запалена амбуланта во Ореше, ни по седум месеци никако да започне

Се некој фали, обвинет, сведок, адвокат...

Петар Печков

Ниту по седум месеци и пет закажани рочишта не започна судењето за запалената амбуланта и продавница во велешкото село Ореше.  Во Основниот суд во Велес беа второ обвинетиот, сведоците, оштетените но го немаше прво обвинетиот Ѓоре Петровски, познат на јавноста како нарачател на убиството во Ореше.

Тој е обвинет  дека за 400 долари нарачал пожар во  селската продавницата во Ореше, сопственост на неговиот соселанецот Тоде Кузмановски. Обвинет дека го запалил објектот кој воедно бил и селска амбуланта  е  Благојче Ѓурчиновски  исто така од селото Ореше.  Тој пред судот изјави дека Ѓоре е  болен,  на инфузија и не може да дојде.  На ова реагираше оштетената сопруга на сопственикот на продавницата кој е починат.

Во овој предмет  како учесници, но во различни улоги се јавуваат истите лица од две кривични дела поврзани со селото Ореше, убиството на Лазо Милошевски од 2005-та и разбојништвото над поштар од 2006-тата.

Како е ова можно, пет пати процесот се одлага, се некој не доаѓа и судењето не е почнато. Како може да не се обезбедат сведоците, обвинетите,  адвокатот од Куманово. Еве денес Ѓоре го нема, бил  болен на инфузија а веднаш откако судењето се одложи тој се појави и дојде во судот – вели оштетената Трајанка Кузмановски .

Петровски и Ѓурчиновски се обвинети за предизвикување на општа опасност, настан кој се случил на 31 јануари 2007-та. При закажувањето на следното рочиште кога судијката побара адреси од сведоците за да им достави покани, Златко Арсовски, познат како заштитен сведок Бреза од случајот убиството во Ореше побара да останата насамо со судијката.

Не се чувствувам безбеден, ниту јас, ниту моето семејство, мојата адреса ќе ви ја кажам без присуство на јавност. Подолго време се кријам и јас и семејството – рече Арсовски. Лут на ваквиот развој на настаните беше и лицето кој е сведок и за процесот ,,убиството во Ореше,,.

Судијке јас не доаѓам повеќе во судот во Велес. Досега дојдов 12 пати за сите предмети а ни денар не добив. И јас и другите сведоци од селото. Немаме работа, сигурна егзистенција а судот уште не ни ги платил трошоците од претходните  судења. Не идам повеќе. Ѓоре го немало а тој се шета сред село – изјави Кољо Ѓоргиевски  Новиот закажан термин за судењето запалена амбуланта во село  Ореше е средината на декември.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »