речник контакт

Танц Фест со четири претстави во Велес

Годинава под мотото ,,Да го поместиме духот на градот,,

Петар Печков

 И годинава Велес ќе биде дел од Танц Фест а дел од содржините на  овој  фестивал ќе види публиката во градот.  Под мотото ,,Биди различен,, Танц фест освен во Скопје ќе гостува и во Битола  и Велес.

По одличниот лански прием велешки театар повторно е домаќин на танцувачите од Македонија и светот.  Во периодот од 9-ти до 21-ви  април во театарот ,,Јордан Хаџи Констанинов Џинот,,  ќе бидат прикажани четири претстави, под мотото ,,Да го промениме духот на градот,,. 

Целта како театар ни беше  да   им овозможиме на  нашитите гледачи,  програма содржина   која го промовира и  афирмира танцот, не само современите туку и класичните форми.  Искрено сум задоволен од соработката со Танц фест и интересот на публиката  која го пројави за современите форми на танц, при минатогодишниот настан    - најави уметничкиот директор на велешки театар Васил Зафирчев.   

Еве кои танцови претстави ќе можат да ги видат велешани: 9 април СТАПНУВАЈЌИ НА ЗЕМЈА премиера -Скопје Танцов Театар. 12 април  БОИТЕ НА ТАНЦОТ Национален Балет од Измир, Турција, 19.април  STRATES Bintou Dembele Dance Company, Париз, Франција, и на 21 април  4 ЧАКОНИ премиера на Скопје Танцов Театар.

Влезниците по цена    од 100 денари се пуштени во продажба.  Од велешки театар го најавија за на есен гостувањето на Македонската Опера и Балет со дело од класичната продукција.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »