речник контакт

Тања Николова, со награда од Гете институтот од Скопје

Таа е наставник по германски јазик во ОУ Рајко Жинзифов - Горно Оризари

Петар Печков

Гете-институт  од Скопје  ги прогласи победницитге за најдобри наставници по германски јазик  во Македонија за 2017-та година. Ова признание за првпат се доделува  годинава, за најдобар наставник по германски јазик на талентирани и ангажирани наставници, кои во наставата спроведуваат креативни и иновативни проекти, како што пишува за образложението. Втората награда  ја доби велешанката  Тања Николова, наставник по германски во ОУ  ОУ Рајко Жинзифов  - Горно Оризари. 

Горда сум што добив ваква награда. Истата значи и  нови обврски -  изјави Николова,  а наградата и беше врачена во Германската амбасада во Скопје.   Втората награда  носи техничка опрема наменета за наставата по германски јазик во вредност од 500 евра.

Со овие средства биле купени таблети, кои  ќе се користат исклучиво за наставата  по германски  јазик.   Името на проектот со кое  конкуриурале е ,,Ние учиме германски и градиме мостови,,. Преку него учениците подобро ќе се запознаат и ќе научат за културата и празниците. 

Жирито кое ги доделило наградите се состои од претставници на Гете-институт, Германската амбасада во Македонија и Министерството за образование и наука. Првата награда ја добила  Кети Христовска, наставник по германски јазик во ООУ Св Кирил и Методиј - Скопје а третата Орнела Милевиќ, наставник по германски јазик во ООУ Гоце Делчев - Скопје.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »