речник контакт

Театарската сезона за 2026 година во велешки театар се отвора четврток со „Госпоѓа министерка“

На репертоар се четири претстави кои се играат пред распродадена сала

Петар Печков

Театарската сезона за 2026 година за актерите од велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ започнува четврток 22 јануари. И тоа со комедијата на Нушиќ, „Госпоѓа министерка“.

Сите четири претстави што се на репертоарот овој месец се хит, и за нив се бара билет повеќе, или се играат пред распродадена сала.

Ќе се одиграат и „Мало невино убиство“ на 23-ти јануари-петок и на 30-ти јануари исто така петок,  „Вечера за глупаци“ на 28 –ми среда и „Синиот портокал“ на 31 јануари, сабота. Почетокот на сите претстави е од 20ч. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »