речник контакт

Театарскиот Фестивал на аматерски театар, без велешки претставници

Конкурираа три претстави, кои не влегоа во официјалната програма

Петар Печков

Откако минатите години, велешките аматерски театарски групи, имаа забележан успех на ДАФ, Драмски аматерски фестивал, кој се одржува во Кочани, годинава ќе мине без учество на велешани.

Од трите  пријавени престави, жирито  не прифанало ниту една. За учество конкурираа претставите:  Драмската секција од Хемиското  „Димитрија Чуповски“- со ,,Народен пратеник,, од Бранислав Нушиќ  во режија: Љубинка `Ртовска преку  проектот „И ТИ СИ ДЕЛ ОД НАС“ за инклузија на лица со пречки во развој и две од Гимназијата „Кочо Рацин“ од драмска секција „Плодна  Година “ од Синиша Посариќ и ,,Ревизор,, од  Николај Васиљевич ГОГОЉ и двете во режија на Петар Андреев.

На фестивалот конкурирале 32 претстави а за програмата избрани се 18. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »