речник контакт

Театарскиот фестивал ,,Импакт,, со финансиска поддршка од ЕУ

Тој е дел од мрежата на 12 културни институции од повеќе европски држави

Петар Печков

Театарскиот Фестивал на алтернативни содржини,,Импакт,, од Велес  доби финансиска поддршка од ЕУ  со други 11 културни институции од повеќе европски држави.  Преку проектот ,, „Споделен Простор: Музика Време Политики“ тие добија  1,25 милиони евра за три години за реализација на програмите и содржините на 12 институции.

Споделен  Простор тригодишен меѓународен проект за истражување во областа на сценографијата кој се состои од серија на симпозиуми, изложби, работилници, претстави, копродукции. . Координатор и носител на проектот е Квадриеналето од Прага, Центарот за креативни акции ИМПАКТ , како организатор  на истоимениот фестивал е  партнер  со уште 12 институции од различни европски земји е дел од проектот – изјави Александар Ивановски директор  на Импакт фестивалот, кој годинава ќе се одржи во октомври или ноември во Велес, по трет пат.

Одобрените средства од ЕУ се половина од вкупниот  планиран и потребен Буџет. Овој проект за сценографи, театарски творци, архитекти, теоретичари ќе се одржи од 2013 до 2016 година во Чешка, Италија, Велика Британија, Латвија, Полска, Холандија, Норвешка, Финска, Израел, Швајцарија и Македонија.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »