речник контакт

Темелков, нема да разочараме во Шпанија на Светското првенство

Можеме да направиме позитивно изненадување на Светското првенство, најавува македонскиот репрезентативец велешанецот Темелков

Петар Печков



 Од 11-ти до 27-ми јануари во Шпанија ќе се одржи 23-тото Светско првенство во ракомет мажи, каде меѓу 24-те селекции ќе биде и Македонија. За очекувањата, надежите  од репрезентативното крило велешанецот  Владимир Темелков.

Од светското првенство во Шпанија очекувам тешки и неизвесни натпревари и се надевам дека ќе ја повториме добрата игра од ЕП во Србија. Што се однесува до пласманот важно е  ние во групата  да играме добро и да избориме добра позиција за да може да добиеме теоретски послаб противник . После тоа доколку се поклопат коцките може,  а и сме способни да направиме позитивни изненадувања. Фаворит на СП за мене е Шпанија,пошто се квалитетни и плус домаќини, Франција,Хрватска,Данска...Македонија :)))

Подготвени сме се спремавме физички и тактички на високо ниво. Мислам дека подготвени ќе го дочекаме СП и се надевам дека после секој натпревар  ќе го подобруваме нивото на играта како што беше на ЕП во Србија.

Поздрав до сите посетители на ТРМР  од Влатко:)

Еве го и распоредот ан натпреварите од првата фаза на македонската селекција:

12.01 Македонија – Чиле   15,45ч.

13.01 Катар – Македонија 18 ч.

15.01 Македонија – Исланд  18ч.

16.01 Македонија – Русија 15,45 ч.

18.01 Данска – Македонија 20,15ч.

СП во ракомет ќе го пренесува ТВ Сител

Првите четири од секоја од четирите групи одат во следната елиминациона фаза,осмина финале каде се сретнуваме со репрезентациите од групата А.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »