речник контакт

Темелков ќе игра во Луксембург

Велешкиот ракометен интернационалец ќе игра за клубот Башараж од Луксембург

Петар Печков

По осум години играње во ракометната Бундеслига, Влатко Темелков, македонскиот репрезентативец, ја менува средината и во следните две години ќе игра во Луксмебург, во тимот на Башараж.

Темелков долго време преговарал со повеќе германски екипи и пред почетокот на новата сезона се реши за Луксмебург.

По долго размислување се одлучив за овој тим пред се заради мојата фамилија а и финансиски сум многу задоволен. И покрај тоа што во последно време повторно Балинген беше заинтересиран, па дури и Гумерсбах не беше "ладен", не останав во Германија затоа што нивните понуди беа едноставно лоши - вели Темелков.

Велешанецот Темелков е стандарден репрезентативец на Македонија, играше и на СП 2009 година во Хрватска, а сега е на списокот и за ЕП 2012 во Србија.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »