речник контакт

Тениски турнир Велес опен, на земјена подлога

Бруно Ставревски ( 18 год) е победник на тенискиот турнир во Велес кој се одржа изминатите три дена, на земјена подлога. Тој во финалето со 6:1 го победи Дејан Тодоров а на турнирот учествуваа 19 тенисери членови на ТК Борец.

Петар Печков

 

Ставревски кој тренира пет години тенис, претходно во ТК Југ во Скопје а од пред половина година е член на велешкиот ТК Борец.  Тој фо полуфиналето го победи Горан Диновски со 6:2 а во второто полуфинале Тодоров беше подобар од Александар Стојанов со 6:4. На турнирот учество земаа и јуниори до 16 години возраст, каде  меѓу  осум мината победи Филип Раковски кој со 6:2  славеше над Игор Лазаров.

Велешкиот ТК Борец благодарен до тениската федерација за можноста да го организираат овој турнир на земјена подлога, на која се играше Дејвис куп натпреварот Македонија – БиХ.

Максимално ја искористивме можноста што ни се даде, па земјената подлога остана во салата ,,Гемиџии, уште три дена за да го организираме овој турнир, на кој нашите членови можеа да почувствуваат како се игра на неа. Тоа го заокружи позитивниот впечаток од организацијата на Дејвис куп натпреварот Македонија БиХ, бидејќи осетно се зголеми интересот за овој спорт во Велес, што беше наша основна цел – изјави Кире Раков, член на раководството на ТК Борец.

Тие есеноска го организираа првиот тениски турнир, кој беше на отворено и на брза подлога.Тогаш победник беше Ѓоре Зафиров, кој сега изгуби во четвртфиналето. Се надеваат дека до крајот на годината ќе имаат можност за организација на нов, на терените кои наскоро треба да започнат да се градат.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »