речник контакт

Тепачки, ќотек

Во два дена две тепачки, за пари и за девојка

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.П.(17) од Велес, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 24.11.2012 година, околу 22,30 часот, во паркот во Велес, пријавениот по претходна расправија со Т.П.(15) од Велес, бидејќи истиот ја навредувал неговата девојка, физички го нападнал Т.П. нанесувајќи му тешка телесна повреда во пределот на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Г.(47) и Д.П.(27) двајцата од Велес, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 23.11.2012 година, во Велес, поради претходна расправија околу паричен долг пријавените физички го нападнале З.В.(45) удирајќи го со тупаници и клоци нанесувајќи му скршеници на левата потколеница и носот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »