речник контакт

Тесла и неговите изгубени изуми

Некои од изгубените изуми на Тесла, со кои светот сигурно би изгледал поинаку ако тие биле комерцијализирани и воведени во пракса.

Петар Печков

1. Воздухот на смртта

Тесла во 1930-тите години тврдел дека измислил таканаречен „воздух на смртта“ или Телефорс. Уредот бил способен за емитување огромно количество енергија на одредената цел и на тој начин можел да уништува дури и авиони и тенкови. Телефорс никогаш не бил конструиран бидејќи се верувало дека ќе стане премногу лесно буквално да се уништуваат цели држави.

Теса тврдел дека неговиот изум може да уништи цел на повеќе од 300 километри оддалеченост и воедно да создаде „енергетски ѕид“ околу земјата, со што би ја заштитил од непријатели.

Големиот научник дури навел дека имало неколку обиди за кражба на прототипот, но дека крадците си заминале со празни раце.

 

2. Теслиниот осцилатор

Пред крајот на 19 век Тесла конструирал мал осцилатор, кој, кога ќе се прикачел за некој објект, предизвикувал ефект на земјотрес. Согледувајќи го катастрофалното влијание на таквата направа, Тесла, како што самиот кажал, зел чекан и целосно го уништил. Има гласини дека американската влада го користи овој изум на Тесла во рамките на проектот ХААРП.

 

3. Бесплатна електрична енергија

Со помош на финансиските средства обезбедени од Џ.П. Морган, Тесла ја дизајнирал кулата Варденклиф, џиновски безжичен предавател што наводно можел да обезбеди безжичен пренос на податоци и енергија низ целата планета.

Тесла првично планирал да емитува текстуални пораки, слики и телефонски сигнал, но проектот прераснал во идеја за снабдување на целиот свет со електрична енергија. За жал, бесплатната струја не е профитабилна и Џ.П. Морган одбил да ги финансира промените. Проектот бил напуштен во 1906 година.

 

4. Летачка чинија

Во 1911 година во интервју за Њујорк хералд Тесла кажал дека работи на летало што ќе ѝ пркоси на гравитацијата.

„Мојата машина нема да има ни крила ни пропелери. Кога ќе го видите на земјата, нема ни да претпоставите дека станува збор за летало. Сепак, тоа ќе лета со брзина што досега не е достигната и ќе биде многу безбедна. Исто така, ќе може да лебди во место“, кажал тогаш Тесла.

 

5. Воздушен брод

Тесла своевремено сугерирал дека „воздушни бродови“ ќе ги превезуваат патниците од Њујорк до Лондон за три часа и дека ќе патуваат на 13 километри над земјата.

Овие бродови требало да бидат беспилотни и да црпат енергија од атмосферата. Многумина сметаат дека денешните дронови се развиени врз основа на идеите на Тесла.

Научникот, пронаоѓач и еден од најголемите гении во историјата, Никола Тесла, не бил исклучок. Голем број негови патенти и откритија биле потиснати, неостварени или „изгубени“, а гласините за тоа дека ФБИ ги украле неговите белешки и документи во голема мера беа потврдени кога неодамна беа објавени доверливи документи по барање засновано на Актот за слобода на информациите.

Смислата на пронаоѓачите и револуционерните изуми отсекогаш била да ја променат иднината на човековото општество. Сепак, тоа никогаш не им одговарало на сите, особено не на сите моќници од кои некои вложувале големи напори и средства да спречат промена која би можела да го загрози нивното место на врвот на социјалната пирамида.

Иако бил научник, пронаоѓач и еден од најголемите генијалци во историјата, Никола Тесла не бил исклучок. Многу негови патенти и откритија се потиснати, неостварени или заташкани, а гласините за тоа дека од ФБИ украле негови белешки и документи во голема мерка се потврдени кога неодамна се објавени доверливите документи по барање на Актот за слобода на информации. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »