речник контакт

Тесна победа за одбојкарите

Поразени ракометарите и фудбалерките. На Матка се возеше Европски куп во кајак спуст, Спасиќ го подели второто место

Петар Печков

Очекувана  но тешка победа остврија одбојкарите  на ГОК Борец во Штип, против  студентската екипа на  Универзитет Гоце Делчев со 3:2 ( -21, 21, -15, 22, -9). Претпоследната екипа на табелата која ги елиминира велешани од Купот, беше цврст противник, наспроти пласманот на табелата. Така одбојкарите на Борец мораа да спасуваат   и негатива од 1:0 и 2:1 во сетови  за домаќините.  Во решавачкиот тај брејк поискусниот т им на Борец победи со 15:9 и стигна до два бода. По ова   13 коло  ГОК Борец е трети, но четврто пласираниот тим на  Лешок се изедначи по бодовите по 22 а велешани поради подобрата сет разлика се повисоко пласирани. Во следното коло вистинско искушение за Борец, кој дома го пречекува лидерот   Пробиштип, кој ова  кола загуби дома од второ пласираната  Струмица.  Тоа е последно коло од регуларниот дел на првенството, потоа  продолжува разигрувањето за титулата а Борец очекува од  кое место ќе се вклучи како трет или четврти.  

Ракометарите на Борец со пораз стартуваа во разигрувањето за шампион на Македонија.  Дома загубија  од Пелистер Битола со 29:33 (16:17).  Во поголемиот дел од натпреварот гостите беа во водство, највисоко во    со седум гола -  21:28. Иако ракометарите на ГРК Борец на почетокот од второто полувреме изедначија на  17:17. Најефикасен кај домаќините, за кого одредени медиуми пишуваат дека од есен ќе игра за Пелистер  беше Дарко Димитриевски  со 12 гола, додека кај гостите 9 имаше Вујачиќ. Во второто коло на плеј офот, каде се случи првото изненадување, победата на Металург над Вардар, Борец гостува во Охрид на истоимената екипа која во првото коло  го победи Еурофарм Работник. 

Фудбалерките на Борец  загубија во Битола од екипата сосед на табелата,   Атлетико со 2:0 (1:0). Мила Талевска го најави триумфот на Атлетико, погодувајќи од слободен удар во 13 минута, а победата ја потврди Ангела Стојковска со погодокот во 77 минута. Пред почетокот на средбата двете екипи истрчаа  во црвени дресови, па гостите мораа да играат со „маркери“ кои ги позајмија од домашниот клуб. По ова 13-то коло ЖФК Борец падна  на 6-тото место со 134 бодови. Во следното коло, за две седмици го пречекува  лидерот Истатов, кој ита кон првата титула. 

Викендов во Скопје, на патеката Матка се возеше   првиот Европски куп  во кајак – спуст. Со учесници од 11 држави,  Љубомир Спасиќ го подели второто место во К-1,  Енис Небиовски го освои 12. место на оваа трка, додека на 14. позиција се пласираше Александар Златаров, додека Роберт Папазов во Ц-1 беше 7-ми. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »