Петар Печков
Објавено: сабота, 30 јули 2016
Петокот вечер сообраќајна несреќа на автопатот кај Демир Капија, со две тешко повредени лица, мајка и син, Турци од Германија, кои патувале за Турција. Во сообраќајката учествувале два камиони и еден автомобил чии патници се хоспитализирани.
Според МВР сообраќајката се случила околу 21.40 часот на магистралниот пат А-1, на делницата с.Удово-Демир Капија. Во неа учествувале влекач „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка „Кроне“, исто така, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (61) од Прилеп, влекач „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (22) од Кавадарци и автомобил „БМВ“ со германска национална ознака управувано од И.С. (31) од Германија.
Двете повредени лица беа пренесени во велешката Болница,. Според дежурните доктори возачот И.С. се здобил со тешки телесни повреди - набиеници во пределот на главата и левото рамо, фрактура на ребра, додека сопатничката негова мајка Н.Х.С. (63) од Германија се здобила со повреди на главата со внатрешно крвавење.
Двајцата подоцна со возила на Итна медицинска помош се пренесени во КАРИЛ-Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Валандово. Сообраќајот на автопатот на оваа делница Удово – Демир Капија од 21.50 до 00.20 часот, бил во целосен прекин, а потоа до 03.20 часот се одвивал наизменично, по што бил нормализиран.
Tweet |