речник контакт

Тешко повреден пожарникар, кој патувал за на работа во железничка несреќа пред некогашна Порцеланка

Поради тежината на повредите, момчето е префрлено на Невро-хирургија во Скопје

Петар Печков

Утрово товарниот воз кој од Велес се упатил кон  Прилеп, удрил во патнички автомобил. Сообраќајката се случила утрово во  6.40 часот пред влезот во некогашна Порцеланка,  на обезбедениот железнички премин со сообраќајни знаци.

Возачот поради тешките повреди е префрлен на Клинички во Скопје.  Во најтешка ситуација биле пожарникарите, кои морале од искршениот автомобил да го вадат повредениот, кој бил нивен колега и од родното село Согле секојдневно возел до работното место во Велес. 

„На патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан  во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ  (19 год)од село Согле, општина Чашка“ - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  Полицијата извршила  увид на местото на настанот.  На поворедениот први на помош притекнале од итната медицинска служба, откако пожарниакритре го ослободиле од оштетениот автомобил.

„Лицето имало повеќе повреди, имобилизиран е, поставен на даска за спасување и префрлен на Ургентен Центар при велешката Болница - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Брзата помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

Деветнаесет годишен пациент е донесен во Болницата, не бил свесен во тие момнети, направена е реанимација, извршена компјутерска томографија и поради тешките повреди на главата,  препратен на Клиника за невро-хирургија во Скопје - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

Поради жезезничката несреќа патничкиот железнички сообраќај од Велес кон Битола и обратно   од Битола кон Велес,  е во прекин. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »