речник контакт

Титулата во Трета лига Југ за велешки Борец (фото)

В четврток ќе се знае со кого ќе се игра бараж за пласман во Втората лига

Петар Печков

Ниту поразот од  екипата на Бабуна Мартолци  од 1:0 не ја расипа прославата за титулата првак  за ФК Борец на Третата лига југ.  Така најстариот велешки фудбалски лигаш со  75 бода, во 30 натпревари, 20 повеќе од Бабуна и Илинден од Башино село стигна до првак на Третата лига југ.  За ова фудбалерите на ФК Борец добија и пехар.

Но тоа не значи и пласман во Втората лига. За да станат членови  во оваа конкуренција велешани ќе играат бараж, еден натпревар на неутрален терен со некоја од останатите екипи прваци на Третата лига или најслабо пласираниот од Втората лига.  В четвртока во просториите на ФФМ во Скопје напладне  со ждрепка ќе биде одлучено кој ќе биде противникот на Борец , Кораб од Дебар,  Тиверија од Струмица, Зајас од Зајас,  Албарса од Скопје и екипата на Баби од Штип.  Баражот се игра на 12 јуни среда, на терен кој ќе го одреди ФФМ.

фото: Фото Весна

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »