речник контакт

Тодор Митушески пензијата ја дава за Црвен крст

Во градот има многу луѓе на кои им е потребна помош, но има малкумина кои даваат

Петар Печков

Меѓу велешани  има еден скромен хуманист за  кој малкумина знаат. Тодор Митушевски, со години, со своја воља, совест и хумано срце, секој месец  неговата, како што вели скормна пензијата ја  донира за Општинската Организација на Црвениот крст.  Претходно тоа го правел  и за други хумани цели. Овој скромен човек кој никогаш не проговорил за неговата хуманост упорно и искрено  се труди да им помогне на тие што им треба.

Јас сум обичен човек и граѓанин. Кога во 2005-тата се пензионирав добив многу мала пензија, за мене смешна. И реков дека таа ќе ја донирам, Давав на различни места, институции, фондации, таму каде треба. Едно време ја давав на Црковно народната кујна, но таму вложував и многу повеќе. Ќе продолжам да давам. Никогаш не сум чукал со ѕвонче еве јас давам  пари за помош, тоа не. Но излезе на   виделина моето работење  - вели Митушевски.  

Неговото секојдневие е поврзано со околината на село Мартолци, каде  се има отселено, подалеку од градската врева, гужва. Во природа на чист воздух, настрана од   метежот. 

Во некои случаи тој знаел каде и кому донирал, но во други случаи, како што е  сега се со Црениот крст на Велес, ги уплаќал парите, но каде натаму завршувале не знае, но ниту сака да дознае. Објаснува дека  најважно е да се помогне некому. 

Во градот има многу луѓе на кои им е  потребна  помош, но има  малкумина кои даваат. Треба да се даде повеќе, за да може тие што им  треба, што немаат, да може да  опстанат во животот, бидејќи не секогаш тој  е праведен, да живеат подобро - вели Митушевски. 

На   младите им остава силна порака, дека кога се има љубов кон човекот, тогаш е можно да се надминат сите бариери.  Тој  20 години работел за Словенечка фирма и таа пензија ја користи за живот, негов и на  фамилијата.  По професија е  трговец.     А  кај велешани е  познат како пчелар. Останала некој кошница пчели, колку да  има некаква  занимација.  Митушевски како пчелите на кои им го посветува животот, неусетно ја храни вербата во човекот и надежта за поубав свет. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »