речник контакт

Томина недела

Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на Светиот апостол Тома.

Петар Печков

Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на Светиот апостол Тома. Кога Исус им се јавил на апостолите Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот Тома не верувал. Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Исус пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома.

Свети Тома и богатиот


Свети Тома бил мајстор за куќи да праит. Откога умре Ристос и се воскресна на небеси, свети Тома ватил да кажуат по луѓето за да го веруваат оти вистина воскреснал од умрените Ристос. Шетал по селата и градовите Свети Тома да кажуат (проповедуат) за Христа. Вистина кажуаше, ама и си работеше мајсторлук да си го вади лебот, а не да чека од народот.

Отишол во еден град и се кажал за прв мајстор. Во тој град имало некој чорбаџија многу богат, чул за Свети Тома оти бил многу мајстор и го викнал при себе да го прашат дали можи да му напраит еден сарај што да немат на векот, само убав да бидит. Свети Тома му изваил еден ресим, што беше се зачудил чорбаџијата. Тек, чифт беа се пазариле, и беше му зел капаро Св. Тома да му го праит сарајот. Тој чорбаџија беше многу лош мамелеџија (лихвар): беше и слекол сите луѓе во градот, од тешко мамеле што беше му земал, без исав чоек беше бил и бездушник.

Откоа беше ’и зел парите Свети Тома, думал, думал и издумал еден марифет: и за чорбаџијата да се избавит од греот и сиромасите да се закрепат во градо и да речат Бог да прости. Прашал во градо за кое сет најсиромаси ’рзелии, што не одат по питање, и му дал по троа пари да се подзавати во некоја работа и да се ранат. Поминале неколку дни, и пак пошол Свети Тома кај богатиот, пак му зел пари за ѓоа ќе купуат зајре што требат. Треќи пат, четврти пат му зел, и тогај го прашал чорбаџијата:

- Абре мајсторе – му рекол – ти тукуречи полојната пари ’и зеде и ништо на мегдан не изваде.

- Сите пари, сите ќе ми и даиш, чорбаџи – му рекол Свети Тома – и најпосле ќе го видиш азар сарајот, јас скришем ќе го напраам и веднаш, коа ќе го битисам, ќе го видиш сам, та ќе се зачудиш што сарај јет.

Беше се уверил чорбаџијата и, полека-лека, беше му ’и дал сите пари што требаше за сарајот да се напраит. Дошло определеното време, за да се зглоби сарајот, го викнал Свети Тома и го прашал оти не го зглобил.

Тој му наоѓал рачки и мрдалки, јок утре, јок други ден. На тоа згора чорбаџијата, откоа беше испитал здраво оти Свети Тома ништо не праел, ами само го лажел, сторил давија и го клал апс и на голема мака го предал на судот. За чудо големо, ноќта беше сонил чорбаџијата еден сон како да беше се качил на небеси и беше му показале еден сарај најубав.

- Го познаваш, чорбаџи, овој сарај чи јет? – му рекол ангел Божи.

- Овој сарај јет како расимот мој што ми го даде Тома мајсторо, а чи је сарајо, јас не знам – му одгоорил чорбаџијата.

- Твој јет овој сарај чорбаџи, твој. Овде, откога ќе умриш, ќе си доеш да си седиш, векутума века. Оди сега и пушти го Свети Тома и голем бакшиш да му даиш – му рече ангело. Едно се разбуди

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »