речник контакт

Тони Зен, Влатко Лозановски за Питијадата

Организаторот најавува добра забава за гостите на Велешката питијада

Петар Печков

 Познати се деталите околу најстарата ваква манифестација во земјава, Питијадата. Познати се и гостите кои ќе настапуваат.  На 10-ти вечерта, сабота ќе пеат Тони Зен, Влатко Лозановски, Викторија лоба и Дарко Илиевски. Претходната вечер, петок  ќе настапуваат велешки поп и рок групи по избор на кафетериите кои се организатори за оваа вечер.

Сигурно е дека петок попладне на отворањето ќе настапи   тамбурашкиот оркестар Чардак од Неготино. Организаторот општина Велес им препорача на учесниците  питите да ги продаваат по 120 денари а чаша вино 30 денари.  Сцената ќе биде поставена во близина на споменикот на Кочо Рацин во дворот од Хемиска. За добра забава ќе се погрижи и Антонио Велковски водител во Антена радио кој ќе  има настап преку ден.

Продолжено е и работно време на угостителите во градот за овие два дена 9-ти и 10-ти ноември. Тие добија  можност да работат еден час плус од нивното регистрирано. И за сообраќајот во овие три дена улицата Благој Ѓорев од Панини до Ќоше ќе биде затворена за сообраќај  а дополнително ќе познато како ќе се одвива тој. За тоа решение треба да понуди Сообраќајната полиција при СВР Велес. И уште за времето.

Наредниот викенд според метеоролозите не очекува претежно сончево време со услови за можен дожд петок приквечер. Температурите дневни ќе се движат околу 13 степен, одека вечерните до 4 степени. Манифестацијата ќе работи в петок и сабота до 24 часот, петок ќе започне во 15 а недела ќе трае до исто толку 15 часот.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »