речник контакт

Топилница тајно се продава, доверителите потврдуваат

Велешката Топилница се продава на нетранспаретен начин и далеку до јавноста а доверителите тајно преговараат со странски инвеститор.

Петар Печков

Велешката Топилница се продава на нетранспаретен начин и далеку до јавноста а  доверителите тајно преговараат со странски инвеститор. Ова на прес конференција го објави ,,Зелената коaлиција“ составена од десет невалдини организации од Велес и локалната власт. Тие жестокот реагираа на оваа постапка, при која граѓаните воопшто не се запозанени со планираната продажба на некогашниот комбинат, сега во стечај.

- Оваа алармантна вест не шокираше. Некој во пресрет на празниците се обидува да донесе одлука за продажба на најголемиот загадувач, без за тоа да бидат прашани граѓаните. Тоа е тиранија и нема да дозволиме да се случи - ијзави Александар Кукулев од ЕГ Зелена сила. Тајната продажба на Топилницата според информациите на ,,Зелената коалиција“ е со откуп на побарувањата на доверителите од страна на фирми од странство. Тие не ги соопштија имињата туку само прецизираа дека станува збор за групација блиска до фирмата која претходно  работеше со неа.

- Не можеме да сфатиме како по толку години еколошки терор на Велес, може тајно да се готви црна иднина на жителите на градот. Порачуваме дека велешани нема да дозволат агонијата повторно да се повтори, бидјеќи резултатите од загадувањето со тешки метали сеште ги чувствуваме. Не сакаме рестарт на Топилницата, таму каде се наоѓа без да не праша - изјави Ненад Коциќ од ЕД Вила Зора. Тој ги посочи резултатите од последните пет години на здравствената сосојба на велешани. И покрај тоа што Топилницата не работи, велешани заболуваат од малигни заболувања на црниот дроб, белите дробови и бронхиите, како и на бубрезите, што е резултат на присуството на тешките метали во организмот на луѓето. Смртноста на овие три малигни заболувања во Велес во последните пет години  е над републичкиот просек, покажуваат статистичките показатели.

- Никаков економски ефект не може да биде поважен од  здравјето на велешани. Топилницата може да работи но на локација безбедна за сите, тоа кај фабриката за вештачко ѓубриво ХИВ - изјави Аце Коцевски градоначалник на Велес.Според стручњаците инвестицијата за изградба на нова Топилница би била 70 милиони долари а веќе во првата година со сегашните цени на тешките метали на светските берза, таа би заработила 80 милиони долари. Странските стручњаци на трибина во Велес посочија дека Топилницата сеуше е голем загадувач на градот, бидејќи таа не е правилно затворена, на неа има големи количества на тешки метали кои со секој ветер и дожд се пренесуваат во околината. При неодамнешта посета на Велес, претставникот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере изјави дека не би сакал да живее на место каде комшија ќе му биде таков загадувач.

Стечајниот управник на Топилницата Радослав Кипровски изјави дека има сознанија за такви преговори но официјално доверителите не му соопштиле дека планираат да ги продадат нивните побарувања а тие сами решават што ќе прават со нив . Заменикот министер за животна средина Соња Лепиткова во изјава за Дневник најави дека велешани нема од што да стравуваат и нема место за паника.

- Било кој да ја купува Топилнциа ќе мора да ги запази стандардите кои се пропишани со нашите закони. Во оваа работа, ако се случува, сигурно дека ќе ги прашаме и невладините организации и граѓаните, без нив нема да се работи. Пропишаните еколошки стандарди мора да бидат испочитувани, без нив нема рестарт на Топилницата - изјави Лепиткова. Исто времено во велешкиот суд  и натаму се водат постапки за докажување на сопственоста на дел од движниот имотот, опремата и машините.

Доверителите на велешката Топилница потврдија дека дел од нивните побарувања ги откупила швајцарската фирма ,,Минеко“ а поранешниот сопственик Инвестас вели дека тој не е во врска со купувачот.Завчера велешките граѓански здруженија  од ,,Зелената коалиција“ заедно со локалната власт,алармираа дека се подготвува тајна продажба на Топилнциата  со откуп на побарувањата од странска фирма, без за тоа да се прашаат граѓаните на Велес. Тие побараа Топилницата да се дислоцира од потојната локација.

- Пред три седмици Фершпед и Технометал ги продадоа нивните побарувања на Минеко, додека останатите немаат добиено понуда. Во оваа транскација се е легално и нема ништо тајно и против законско. Секој доверител сака да си ги наплати побарувањата - изјави претставник на одборот на доверители. Според него останатите  големи доверители Ветекс, Комерцијална банка, Макпетрол чекаат да добијат пондуа па и тие да го продадат, бидјеќи пет години од почетокот на стечајот тие не добиле никаков надомест за долговите што ги имаат во МКХ Злетово. Стечајниот управник Радослав Кипровски потврди дека нема никаква законска пречка за ваквата трансакција. Од Инвестас се оградуваат дека тие стојат зад овв зделка, откко беа посочени дека Топилнциа ја купува фирма блиска на поранешниот сопственик.

- Инвестас не купува ништо и не е во никаква врска со Минеко-изјави правниот застапник Славчо Секулов. И додека се продава Топилницата, во велешкиот суд нема правосилна пресуда за поднесена тужба за ништавност на Нотарските акти со кој сопственик на движниот имот,опремата, на МХК Злетово во стечај е фирмата Инвестас. На овој начин доверителите се обидуваат да ја вратат сосптвеноста на дел од имотот, за која пред половина година увиделе дека не е нивна.  Оваа тужба  е по барање на фирмата ,,Ветекс“, еден од поголемите доверители, во случајот со велешка Топилница.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »