Петар Печков
Објавено: петок, 03 јануари 2025
Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес и побара да бидат трпеливи за надминување на забраната за користење на мостот кај Башино село.
„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес“ - кажа Тошковски.
Тој ги повика граѓаните на Велес и сите граѓани кои имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот.
Tweet |