речник контакт

Тракторист загина кај Иванковци

Трет случај, за три месеци летово во велешко

Петар Печков

Жика Ѓорѓевиќ  (50 год) од село Иванковци  од  загина во сообраќајна незгода, кога тракторот кој го возел се превртел.

Според СВР Велес настанот се случил во средата еден час по полноќ, на локалниот пат помеѓу селата Џидимирци и Иванковци.

Ѓорѓевиќ кој го управувал тракторот, со него превезувал дрва заогрев. од засега непознати причини, тракторот се превртел и го повредил возачот, кој од здобиените повреди починал на лице место.

Неговата смрт ја констатирале доктори од Брзата помош.  Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Велес, а по наредба на Ј.О. телото на починатиот е предадено за обдукција.

За три месеци летово, ова е трет смртен случај на тракторист во велешко. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »