речник контакт

Тракторист тешко повреден по пад од тракторот

В.Н. (69 год) се здобил со повреди на главата

Петар Печков

Петокот  попладне, тракторист се повредил потешко, кога паднал од трактор. СВР Велес со повеќе информации за настанот.

На 12 јули  било пријавено дека В.Н.(69) од населба Врановски Анови во општина Чашка, додека превезувал слама со трактор, паднал од приколката и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје- информираа од СВР Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес. 

Од велешката Болница дополнија дека при комјутерската снимка биле видени повреди на главата, поради што лицето било пренесено на Клиника во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »